Дома Фудбал Кике Сетиен и следната сезона на клупата на Барса

Кике Сетиен и следната сезона на клупата на Барса

Претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу потврди дека Кике Сетиен и следната сезона ќе биде на клупата на „Камп Ноу“.

Сетиен во јануари седна на кормилото на Барселона и медиумите постојано шпекулираат дека на крајот на сезоната ќе биде заменет.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Барселона ја заостанува во трката за титулата во Примера, па единствена надеж за трофеј останува Лигата на шампиони.

„Имавме една нетипична сезона, ќе играме во август и Сетиен ќе го води тимот. Ако го победиме Наполи ќе одиме во Лисабон на финалниот турнир од Лигата на шампиони. Наерата на Сетиен е да остане на клупата и следната сезона, ние се држиме до договорот“, изјави Бартомеу.

Сепак, медиумите оваа изјава ја протолкуваа дека раководството сака да му даде стабилност на тренерот и тимот пред настапите во Лигата на шампиони следниот месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри не се откажува од идејата да го донесе Влаховиќ во Милан

Милан воспостави нов контакт со Душан Влаховиќ, бидејќи Макс Алегри сака повторно да работ…