Дома Фудбал Виљареал го промовираше Сетиен, а тој изненади: Немав желба да се вратам на фудбалот…

Виљареал го промовираше Сетиен, а тој изненади: Немав желба да се вратам на фудбалот…

Кике Сетиен вчера вечер и официјално стана тренер на Виљареал, а денес ја имаше промоцијата пред медиумите. Во Виљареал тој доаѓа на местото на Унаи Емери.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На претставувањето тој искрено призна дека не чувствувал голема желба да се врати на фудбалот, но Виљареал сепак бил повик кој не можел да го одбие.

„Немав голема желба да му се вратам на фудбалот. Одбив многу понуди изминативе години, посакував да дојдам место како што е ова. Вилјареал споделува многу важни вредности кои се тесно поврзани со мене и поради тоа решив да ја прифатам понудата“, изјави Сетиен.

Кога ја добил понудата мислел дека се шетуваат со него.

. Мислев дека се шегуваат со мене кога ми кажаа дека им е потребен нов тренер. За само пет секунди ми се промени расположението, веќе не бев релаксиран и почнав повторно да мислам за фудбал. Ако не беше Вилјареал, немаше да се вратам на фудбалот за друг клуб“, истакна искусниот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразил во паника: Нејмар na специјален режим, одлуката ќе биде донесена во следните неколку дена!

Нејмар продолжува со опоравување од повредата на листот според строго дефинирана програма …