Дома Фудбал Италија Киелини успешно опериран: Еве кога ќе се врати на терените!

Киелини успешно опериран: Еве кога ќе се врати на терените!

Капитенот на Јувентус, Џорџо Киелини доживеа незгодна повреда на мечот пред Наполи.

Искусниот дефанзивец ги скина вкрстените лигаменти на коленото, па мораше да биде опериран.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Тешката повреда на 35-годишниот фудбалер можеше да значи и крај на кариерата, но сепак борбениот дефанзивец не се предава толку лесно.

Киелини вчера беше успешно опериран, па беше соопштено од Јувентус дека го очекува шестмесечна пауза, а тоа значи дека ќе го пропушти првиот дел од сезоната.

Доколку рехабилитацијата течи според планот, Киелини би можел да се врати на терените при крајот на сезоната, односно во март.

„Ќе се вратам посилен од било кога“, порача Киелини после операцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кристал Палас му нанесе петти пораз по ред на Тотенхем.

Тотенхем продолжува да тоне во Премиер лигата, запишувајќи петти пораз по ред во шампионат…