Дома Фудбал Италија Киелини: После разговор со Сари во канцеларија морате да се истуширате

Киелини: После разговор со Сари во канцеларија морате да се истуширате

Џорџо Киелини продолжи да открива интересни детали од неговата автобиографија.

Откако беше прилично жесток кон Марио Балотели и поранешниот соиграч Фелипе Мело, и прилично искрен кон Артуро Видал на ред дојде актуелниот тренер на Јувентус, Маурицио Сари.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Маурицио е прилично затворена личност и не дозволува многу да му се доближите. Единствена работа која кај него никој не може да ја промени е неговата зависност од цигари. После разговор со него во канцеларија морате да се истуширате ако не сакате да смрдите на цигари“, искрен е Киелини.

За тренерското знаење на Сари имаше само пофалби.

„Секогаш сака да биде перфектен. Бара 100% поседн а противничката половина. Секако тоа е утопија, но веројатно благодарение на таа негова особина стигна онаму каде што е денес“, смета стоперот на „старата дама“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Спалети го сака Фратези во Јуве

Јувентус внимателно ја следи ситуацијата со играчот од средниот ред на Интер, Давиде Фрате…