Џорџо Киелини веќе влезе во залезот од кариерата, меѓутоа и понатаму успева да игра на високо ниво за многумина се уште е помеѓу најдобрите стопери на денешницата.
Киелини во текот на долгогодишната кариера играше со големи играчи, а во интервју за „Кориере дело Спорт“ го избра најтешкиот противник. 35 годишникот се одлучи за Златан Ибрахимовиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кристиано постигна многу голови против нас, но оној против кој ми беше најтешко е Ибра. После секој натпревар против него излегував посилен и имав поголема самодоверба. Навистина му се восхитувам“, изјави капитенот на Јувентус.
Киелини и Ибрахмовиќ повторно би требало да се сретнат веќе за три дена во реваншот од Купот на Италија помеѓу Јувентус и Милан.