Дома Трансфер зона Кејн може да биде новата „деветка“ на Јунајтед?

Кејн може да биде новата „деветка“ на Јунајтед?


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



„Дејли Мејл“ објави дека Манчестер јунајтед ја продолжил потрагата по нова деветка на екипата, а изборот паднал на ѕвездата на Тотенхем, Хари Кејн.

Кејн има договор со Тотенхем до јуни 2024 година, па постои реална можност следното лето да го напушти клубот од Лондон.

Тотенхем е подготвен за преговори за нов договор, но Кејн трпеливо чека затоа што сака да види дали неговиот тим ќе се пласира во Лигата на шампиони.

Лондонскиот гигант, наводно, е подготвен и да го продаде Кејн, но за тоа бара 85 милиони фунти, па така „ѓаволите“ ќе мора да потрошат многу пари за нова деветка.

Баерн Минхен, исто така, го следи Кејн веќе некое време, но не направи конкретни чекори во изминатиот период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Вардар го засили нападот: Пристигна засилување од Охрид!

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Најтрофејниот македо…