Португалскиот виртуоз Рикардо Кварезма е се поблиску до крајот на својата кариера, но за разлика од многумина колеги тој нема во „доцните години“ да си замине во Кина или во некоја од богатите арапски земји, за дополнително да ја подобри состојбата на банкарската сметка.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Иако имаше сериозни понуди за трансфер во Кина и Катар, Рикардо Кварезма сака кариерата да ја продолжи во Бешикташ, клуб чиј е член повеќе од три години. Одличниот Португалец има важечки договор со Бешикташ до 2020. година и сака целосно да го испочитува, а потоа да ја заврши карерата, пренесуваат турските медиуми.
Овој 35-годишен фудбалер е задоволен во Бешикташ, а неговото семејство сака да остане во Истанбул, па Португалецот веројатно и по пензионирањето ќе остане во клубот. Се уште не е познато каков вид позиција би можел да добие во истанбулскиот гигант. Кварезма кариерата ја започна во Спортинг, за подоцна да настапи и за Барселона, Интер, Порто, Челзи, Ал-Али и Бешикташ.