Двата најпопуларни каталонски спортски весници денес веднаш го нападнаа вечниот ривал на Барселона – Реал Мадрид, откако „кралевите“ победија на гостувањето кај Ајакс со „помош“ на ВАР.
Голот на Таљафико во 37-та минута најпрво беше признат од судијата Дамир Скомина, но потоа со ВАР системот беше утврдено дека Тадиќ од офсајд позиција му посметал на голманот Тибо Куртоа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„И сега што ќе кажете за ВАР?“, прашува каталонски „Спорт“ на своајта насловна страна, додавајќи дека ВАР го спасил мадридскиот тим. Весникот додава дека таквата одлука му дала „ветар во грб на Шпанците против солидниот Ајакс“.
Hola, aquí os dejamos la portada de este jueves #portada #deporte https://t.co/yh2PPOaufo pic.twitter.com/bPjPWuuqa1
— Mundo Deportivo (@mundodeportivo) February 14, 2019
„ВАР го спаси Мадрид“, пишува на насловната „Мундо Депортиво“ кој констатира дека Ајакс го надиграл Реал, но одлуката на ВАР го премила целиот тек на мечот. Притоа весникот го потсетува Реал дека оваа сезона константно се жали на ВАР системот во Примера.
Во меѓувреме од УЕФА излегоа со официјално соопштение и ја оправдуваат судиската одлука која беше донесена со помош на ВАР.
„Судијата констатира дека соиграчот на Таљафико, Душан Тадиќ се наоѓа во офсајд и во исто време му смета на голманот да игра со топката во моментот на ударот со глава. Одлуката на Скомина е донесена после консултација со ВАР системот. Гоот беше правилно поништен и беше досуден офсајд“, стои во соопштението на УЕФА.