Дома Фудбал Англија Кардиф направил грешка, семејството на Сала остана без 700.000 евра!

Кардиф направил грешка, семејството на Сала остана без 700.000 евра!

Семејството на трагично починатиот фудбалер Емилијано Сала може да остане без обештетување од 700.000 евра поради административна грешка која ја направиле функционерите на Кардиф кога го регистрирале фудбалерот.

Емилијано Сала трагично загина кога авионот со кој патуваше кон Кардиф да ја започне новата фудбалска авантура се сруши во на 21-ви јануари.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Медиумите од Англија сега пренесуваат за грешка, но која била направена од страна на Кардиф, и поради која семејството на Емилијано Сала може да остане без надоместок на штета од 700.000 евра.

Тајмс пишува дека Кардиф направил грешка при регистрацијата на договорот на Аргентинецот, па Премиерлигата им ги вратила документите, побарала да се направи исправка и Емилијано Сала одново да стави потпис, но напаѓачот не можел да го стори тоа откако загина по падот на авионот.

Секој играч, кога ќе биде регистриран при Премиерлигата по автоматизам станува дел од пензиската шема на Професионалната асоцијација на фудбалер, која на семејството исплаќа 700.000 евра во случај на смрт.

Постојат индиции дека Федерацијата сепак ќе им ја исплати отштетата на семејството, но за тоа сепак на крајот ќе одлучи пензискиот фонд. И семејството на починатниот Чеик Тиоте доби 700.000 евра, иако смртта настана шест месеци откако ја напушти Премиер лигата.

Инаку, Нант Кардиф вчера постигнаа договор околу исплатата на трансферот, па велшкиот клуб ќе мора до 27-ми февруари да ја плати првата рата од 6 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…