Договорот на Герет Бејл со Реал Мадрид истече во јуни и оттогаш тој е слободен играч. Во медиумите многу се шпекулира за тоа каде би можел да ја продолжи кариерата.
Бејл се поврзуваше со неколку клубови од Островот како Саутемптон, Тотенхем и Њукасл, се споменуваше и Рома на Жозе Мурињо, Меѓутоа во овој момент како што стојат работите Бејл е најблиску до враќање во неговата татковина.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кардиф е сериозно заинтересиран за неговите услуги и на Бејл наводно му се допаѓа опцијата да се врати во родниот Велс.
За него не е проблем што Кардиф се натпреварува во Чемпионшип. Сега му е најважно да игра постојано за да биде во добра форма за Светското првенство кое започнува на крајот на ноември во Катар.
Велс обезбеди настап Светското првенство за прв пат по 1958 година, што значи многу за целата нација, а Бејл како капитен сака што повеќе да и помогне на репрезентацијата, па тоа му е единствената преокупација во моментот кога е фудбалот во прашање. Конечната одлука се очекува Бејл да ја соопшти во наредните неколку денови по враќањето од летниот одмор.