Продажбата на Њукасл на арапските инвеститори и понатаму е една од главните вести во Премиер лигата.
Денес на таа тема зборуваше и Јирген Клоп, а сега преземањето на клубот го коментираше и капитенот на тимот Џамал Ласелс кој на симпатичен начин дознал дека тоа навистина се случува. Него лично го побарала Аманда Стејвли.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Таа е клучна во целата зделка, нејзината компанија PCP Capital Partners се јавува како купувач на Њукасл, но зад неа стои Државниот саудиски инвестициски фонд. Аманда одамна се трудела да овозможи влез на Саудијци или партнери од ОАЕ во Њукасл, но поради разни пречки не можеше да го купи клубот од Мајк Ешли.
„Бев дома и ми заѕвони телефонот. Видов непознат број, се јавив и од другата страна слушнав: Овде Аманда. „Која Аманда?“, запрашав. Кога се претстави отидов во другата соба. Ми кажа дека како капитен на тимот сака да ми каже дека Њукасл ќе биде продаден за половина час. Се наежив, чувството беше фантастично. Изгледаат како прекрасни луѓе кои сакаат да направат нешто за Њукасл. Ова е прилика каква што не се добива често и сите треба да ја искористиме“, раскажа Ласелс.