Капитенот на македонската ракометна репрезентација преку кратко видео им ја честиташе новата година на фановите, членовите на школата за ракомет „Кирил Лазаров“ и на сите Македонци.
Инаку, ракометната репрезентација на Македонија ги одработува подготовките за Европското првенство кое на почетокот од 2018 година ќе се игра во Хрватска.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Европското првенство за нас стартува на 13 јануари, кога ракометарите излегуваат на мегдан со Словенија, а покрај репрезентацијата предводена од Веселин Вујовиќ во нашата група се и Црна Гора и Германија.