Македонија денес ја чека натпревар со Ерменија во рамки од квалификациите за Светското првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Селекторот на ерменската репрезентација Хоакин Капарос најави дека Ерменија ќе игра на победа против Македонија.
„Знаеме дека со напорна работа може да се стигне до големите настани како што е Мундијалот. Македонија, има нов селектор, но поголем дел од фудбалерите се оние кои беа на Европското првенство. Ја почитуваме Македонија, но сакам да стигнеме до позитивен резултат. Во Скопје дојдовме да покажеме тимска игра. Микхтаријан е многу важен за нас, екипата со него секогаш е подобро, меѓутоа ние сме тим. Без разлика како Македонија ќе игра, очекувам многу работи да зависат од нас“, изјави Капарос.