Дома Трансфер зона Кандрева го напушта Интер, но ќе остане во Серија А

Кандрева го напушта Интер, но ќе остане во Серија А

Искусниот фудбалер Антонио Кандрева после четири сезони ќе го напушти Интер.

Кандрева во Интер пристигна летото 2016 година од редовите на Лацио за 22 милиони евра, сега ќе ги напушти „Нероаѕурите“ иако има договор на уште една година. Клубот доведе засилувања на неговата позиција, па Конте одлучи дека Кандрева може да замине.

Познатиот Џанлука Ди Марцио објави дека според него 33 годишниот фудбалер кариерата ќе ја продолжи во редовите на Сампдорија. Се очекува Кандрева со Сампдорија да потпише договор до летото 2024 година, а Интер да заработи 2.5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манџукиќ ја спасува ситуацијата кај Михајловиќ?

Марио Манџукиќ се наоѓа на радарот на Болоња ако може да се верува на најавите на познатио…