Вардар не успеа во финалето да го победи тимот на Ѓер, но за утеха остана признанието кое го доби голманката на Вардар. Амандин Лејно сигурно беше нашиот најдобар играч на овој завршен турнир и на крај повеќе од заслужено го доби признанието за МВП на Ф4 турнирот во Будимпешта. Не помогнаа ниту нејзините 18 одбрани, кои денес ги имаше во големото финале против Ѓер. Лејно ја одигра петтата и последна сезона во дресот на Вардар и вечно ќе остане во сеќавање на вардаровите навивачи.
Коментари