Дома Трансфер зона Како пропаднал трансферот од 26 милиони евра на Јунајтед: Имате 15 минути да ни одговорите

Како пропаднал трансферот од 26 милиони евра на Јунајтед: Имате 15 минути да ни одговорите

Во последните часови од зимскиот преоден рок Манчестер Јунајтед беше во потрага по засилување во нападот.

Првата на мета на „црвените ѓаволи“ беше Џошуа Кинг од Бурнемоут за кого Јунајтед понудил 26 милиони евра. Преговорите ги водел Ед Вудворд.

Вудворд на колегата од спротивната страна, Нил Блејк му се обратил на овој начин:

„Имате 15 минути да ни дадете одговор дали ја прифаќате понудата, во спротивно ќе доведеме играч од Кина“.

Во Бурнемот сепак ја одбиле понудата и во Јунајтед заврши Нигериецот Одион Игало кој пристигна од Шангај Шенуоха.

Кинг на крајот останал разочаран бидејќи неговиот трансфер пропаднал.

„Колку трансферот бил блиску до реализација не знам. Кога ќе слушнете дека ве поврзуваат со Јунајтед и кога ќе ја добиете понудата се чувствувате како 16 годишник. Сега сум играч на Бурнемоут и навистина уживам тука, но одење во Јунајтед за мене ќе значеше остварување на сонот“, изјави Кинг.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона драстично ја намали цената на Кутињо

Најскапото засилување во историјата на Барселона, Филипе Кутињо се покажа како големо пром…