Навистина неверојатен резултат оствари фудбалската репрезентација на Косово до 17 години во квалификациите за Европското првенство против Холандија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Косово успеа да извлече еден бод (1:1), но неверојатно е како стигнаа до него со оглед на шансите кои ги создадоа младите фудбалери на Холандија.
Поведе Холандија во 10-тата минута преку Мјилан Хименез. Изгледаше дека лесно ќе ја наполнат мрежата на Косово, но тоа не се случи.
Холандија имаше посед на топка од 90% и 21 шут на гол и тоа не беше доволно за нивни триумф поради голот кој на бизарен начин го прими нивниот голман во 69-тата минута.
Селекторот на Холандија, Миша Висер разбирливо беше разочаран.
„Промашивме се. Паркираа дупли автобус и тоа со деца од 16 години. Едноставно не ни беше денот денес“, изјави Висер.
? Netherlands U17 vs Kosovo U17
— ODDSbible (@ODDSbible) October 10, 2019
⚽️ Possession: 90%-10%
? Shots: 21-1
? Final Score: 1-1
If that was on FIFA, controllers/TVs would be smashed ?? pic.twitter.com/M7kemR8pst