Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов се врати во Штутгарт каде што ги поминува подготовките за новата сезона.




На последниот пријателски натпревар Чурлинов постигна и гол, но медиумјите и понатаму пишуваат дека негова желба е да се врати во Шалке. Во меѓувреме пристигна и информација дека Херта сака да го доведе.




Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Херта наводно е спремна да ја плати сумата која ја бара Штутгарт, но Македонецот сака само во Шалке каде што играше како позајмен фудбалер. Проблемот е што Шалке не е спремен да плати три милиони евра.




Сепак, до крајот на преодниот рок не е исклучена можноста двете страни да пронајдат некаков договор и Чурлинов да се врати во Шалке.