Дома Фудбал Останато И после Инфантино, Инфантино!

И после Инфантино, Инфантино!

Светската фудбалска федерација (ФИФА) на својата официјална веб-страница потврди дека сегашниот претседател на организацијата Џани Инфантино, ќе биде единствениот кандидат на претстојните претседателски избори.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Инфантино беше единствениот човек која ја истакна номинацијата, а најголем број членови на ФИФА ќе го поддржат на изборите кои ќе се одржат на 5-ти јуни.

Во изминатите два месеци се споменуваа неколку лица кои сакаа да го симнат Инфантино од тронот, но откако оценија дека тоа ќе биде невозможна мисија на крајот сепак решија воопшто да не влегуваат во трка со актуелниот претседател.

За потсетување, Инфантино ја предводи ФИФА од февруари 2016 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ибрахимовиќ веќе работи, Милан може да добие големо засилување од Ливерпул

Фудбалскиот клуб Милан активно трага по засилувања во одбраната овие денови. Како ПАМЕТНО …