Дома Фудбал Лига на шампиони И Крос призна: Голот на Лајпциг требаше да важи!

И Крос призна: Голот на Лајпциг требаше да важи!

Бурни реакции во јавноста предизвика вчерашниот поништен гол на Лајпциг на почетокот на натпреварот против Реал Мадрид кој подоцна постигна гол и донесе победа за „кралевите“.

Голот на Шешко арбитрите го поништија поради офсајд позиција, меѓутоа во јавноста преовладува мислењето дека голот требало да важи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Такво мислење има и познатиот шпански судија, Матеу Лахоз, а со него интересно се согласи и актуелниот фудбалер на „кралевите“, Тони Крос.

„Го делам вашето мислење, мислам дека се досуди офсајд затоа што играчот на Лајпциг малку го турка Лунин.

Сепак, голманот немаше никако да стигне до топката и сметам дека затоа требаше да важи. Не може да се аргументира оваа позиција на поинаков начин“, изјави Крос во интервјуто за „Прајм видео Германија“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Анчелоти може да добие отказ, Реал има спремна замена

Позицијата на Карло Анчелоти во Реал Мадрид веќе не е толку сигурна и Италијанецот може да…