Дома Фудбал Останато И вакво нешто да слушнеме од Ибра – откри од кој играч научил најмногу!

И вакво нешто да слушнеме од Ибра – откри од кој играч научил најмногу!

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ се уште нема намера да ја заврши кариерата, а судејќи според се повторно би можеле да го гледаме на европските терени.

Сезоната за ЛА Галакси е завршена и не е необично играчите од Америка да доѓаат на позајмици во Европа, но Ибра неодамна ја исклучи можноста да биде позајмен и потенцираше дека во предвид доаѓа само целосен трансфер.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


До овој момент најмногу се поврзуваше со враќање во Милан. Ибрахимовиќ во разговор за француски „Л’Eкип“ зборуваше за својата кариера и играчите со кои имаше прилика да настапува. Швеѓанецот во својата богата кариера играше со голем број ѕвезди, еден од нив му оставил посебен впечаток.

Патрик Виера е многу важен во мојата кариера. Игравме заедно една сезона во Јувентус и кога го запознав забележав дека размислува поинаку од останатите играчи. Секогаш ми беше поддршка и ми помагаше на теренот, но и надвор од него. Ми покажа дека секогаш морам да го давам максимумот на теренот и дека е важно секогаш да имаш цел. Ме научи да играм на натпреварите, онака како на тренинзите – опуштено. Тој беше феноменален играч, но уште подобар човек. Секогаш беше тука да ме потсети дека треба да давам 120% секој ден“, изјави Ибра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Галатасарај има амбиции да донесе уште една ѕвезда од Манчестер Сити

Турскиот гигант Галатасарај планира да испрати понуда до капитенот на Манчестер Сити Берна…