И покрај сите проблеми, македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе настапи на трката во Илириска Бистрица во Словенија каде го освои четвртото место.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во текот на вчерашниот ден Иџе објави дека нема да настапи бидејќи му бил украден дел од алатот за промена гуми, а според временската прогноза се најавуваше дожд.
Сепак, дождот не заврнал, па Иџе настапил и на крајот го освоил четвртото место. На првата трка во Словенија заврши како третопласиран.
Следната трка Иџе ќе ја вози на Хрватска во градот Бузет.