Цела Италија овие денови пишува за ситуацијата со Ванда Нара и Мауро Икарди.
Икарди е во центарот на вниманието, а ќе биде уште повеќе ако она што го лансираше италијанското списание „Кинг Корона“ е вистина.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Веста која ја пренесува овој медиум е навистина шокантна и неверојатна – Мауро Икарди се разведува со Ванда Нара!?
„Мауро Икарди ќе се разведе од Ванда Нара бидејќи дознал дека го изнерверува со неговиот соиграч Марсело Брозовиќ“, гласи натписот на споменатото списание.
#news Gossip, il magazine di Corona tuona su Wanda Nara: “Ha tradito Icardi con Brozovic” di Giornale di Sicilia https://t.co/hoYW5BtmCi pic.twitter.com/0jhBiaMpuv
— mezzaparola (@mezza_parola) February 15, 2019
Оваа вест дефинитивно уште повеќе ќе ја вжешти атмосферата во соблекувалната на „нероаѕурите“.
Сега не е познато дали овој медиум сака да добие на публицитет со лансирањето на ваква бомбастична вест или пак има вистина во нивните најави.
Не е исклучена можноста да се работи само за шпекулација и „Кинг Корона“ да сака да добие популарност поради вниманието од јавноста кое сега го добиваат Икарди и Ванда.
Ќе потсетиме, Икарди неодамна остана без капитенската лента после што одби да биде во комбинација за настап во натпреварот против Рапид Виена во Лигата на Европа. Икарди нема да биде во составот на Интер и за натпреварот на Интер овој викенд против Сампдорија.
Од Интер објаснувањето е дека се работи за ситна повреда меѓутоа во тоа никој не верува.