Офанзивниот фудбалер на Челзи, Кристиан Пулишиќ би можел да го напушти клубот во зимскиот преоден рок.
24-годишниот Пулишиќ не е задоволен од својот статус во Челзи и малата минутажа која ја добива, па сака да ја промени средината.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Неговиот договор со Челзи е до јуни 2024 година, а англискиот клуб за неговата слобода бара 30 милиони евра.
Најсилен интерес за него покажуваат италијанските гиганти Милан и Јувентус, кои сакаат да го доведат во јануари.
Двата клуба ќе се обидат да го доведат на позајмица со право на откуп на крајот на сезоната.