Дома Трансфер зона Италијански голман пристигна на прегледи во Тотенхем

Италијански голман пристигна на прегледи во Тотенхем

Голманот на Аталанта, Пиерлуиџи Голини простигна во Лондон на лекарски прегледи и во текот на денот ќе потпише за Тотенхем.

Тотенхем постигна договор со Аталанта за трансфер на 26-годишниот голман, кој ќе се пресели на позајмица до 2022 година, но позајмицата може да биде продолжена за уште една година.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Спарси“ во договорот имаат опција да го откупат голманот за 15 милиони евра, а со одреден број на настапи откупот ќе стане задолжителен.

Денес Голини треба да стави потпис на договорот и официјално да биде промовиран во нов играч на Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…