Серија А го одобри новиот формат за Италијанскиот Суперкуп, во кој од 2024 ќе се игра слично како и во шпанскиот фудбал, односно фајнлфор.
Италијанската фудбалска федерација решила да го прифати шпанскиот модел, па наместо еден натпревар, ќе биде организиран мини турнир со четири клуба.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Покрај шампионот и победникот во Купот, учество ќе обезбедат и второпласираниот тим во Серија А, односно финалистот на Купот.
Интер ќе ја брани титулата, откако со 3:0 го совладаа Милан во Суперкупот во јануари во Ријад, Саудиска Арабија.