Дома Фудбал Историјата продолжува: Важен потпис во Мадрид

Историјата продолжува: Важен потпис во Мадрид

Eкипата на Атлетико Мадрид обезбеди уште еден важен потпис откако денеска соработката ја продолжи капитенот Коке.

Фудбалерот за врска имаше договор до крајот на сезоната, меѓутоа двете страни се договорија да ја продолжат соработката на уште една година со клазула за автоматско продолжување до 2026 година, ако Коке одигра одреден број натпревари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Атлетико потписот на Коке го потврди со видео во кое порача. „Историјата продолжува“.

„Ако сакав можев да заминам многу пати. Имав понуди, но мојата желба секогаш била да бидам дел од Атлетико“, изјави Коке.

Во редовите на Атлетико Коке пристигна во 2009 година и од тогаш собра 626 натпревари и постигна 47 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познат фаворитот за наследник на Пиоли

Неколку европски гиганти покажуваат силен интерес за италијанскиот тренер Роберт де Зерби,…