Дома Фудбал Репрезентации Историски резултат: Сан Марино првпат во 30 години не прими гол на гости

Историски резултат: Сан Марино првпат во 30 години не прими гол на гости

Фудбалската репрезентација на Сан Марино вчера освои бод на гостувањето кај Лихтенштајн.

Оваа селекција успеа да одигра 0:0 со фаворизираниот ривал и го постигнаа еден од своите најголеми резултати во 30 години долгата историја.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Покрај тоа што го запишаа првиот бод на едно гостување после шест години (Естонија 1:1), првпат во 30 години колку што имаа репрезентација не примија гол на гости.

Претходно често пати мрежата на Сан Марино беше полнета до врв. Ретко пати постигнуваа голови, а ова им е вкупно четврт нерешен натпревар во официјалните натпревари.

Во 167 одиграни натпревари имаат само една победа и тоа токму против Лихтенштајн во 2004 година, четири нерешени средби и 162 порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Грешка на голманот му ја донесе победата на Арсенал, Манчестер Јунајтед покажа блесоци и стари слабости

Арсенал ја започна новата сезона со тешка победа над Манчестер Јунајтед со минимални 1:0 в…