Барселона одлично ја отвори сезоната, но потоа западна во криза и со серија од четири меча без победа го загуби лидерското место.
Работите во Барса не одат по предвидениот так, а една од причините е лошата форма на голгетерот Луис Суарез. Иако е стандарден Уругваецот до сега постигна само три гола, па на „Камп Ноу“ веќе размислуваат за негова замена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Суарез веќе има 31 година, па во Барселона знаат дека ќе мораат да му најдат адекватна замена, бидејќи се чини дека Уругваецот веќе ги одигра своите најдобри партии за каталонскиот клуб.
Како што пренесуваат шпанските медиуми Барса замената за Суарез ја пронашла токму во неговиот поранешен клуб Ливерпул.
Имено, Каталонците се силно заинтересирани за Роберто Фирмињо и сметаат дека ќе биде идеална замена за Луис Суарез.
Сепак, тоа ќе биде тешка мисија за Каталонците бидејќи Фирмињо има договор со Ливерпул до 2023 година, а „црвените“ нема така лесно да се откажат од Бразилецот.
Barcelona want Liverpool and Brazil forward Roberto Firmino to replace Uruguay international Luis Suárez at the Nou Camp. (Source: OK Diario) pic.twitter.com/eaxkpsiSjP
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) October 18, 2018