Дома Фудбал Останато Исповед на Ерик Абидал: Им испратив порака за мотивација, а Меси ми одговори дека изгледам како леш и дека ги вознемирувам (Видео)

Исповед на Ерик Абидал: Им испратив порака за мотивација, а Меси ми одговори дека изгледам како леш и дека ги вознемирувам (Видео)

Ерик Абидал откри шокатни детали од времето додека се борел со ракот.

Поранешниот фудбалер на Барселона во 2011 се соочи со страшната болест поради што мораше да оди на операција, за среќа тој на крајот во оваа битка излезе како победник.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Меѓутоа кога бил во најлоша состојба, направил видео порака со која сакал да ги мотивира соиграчите. Но, реакцијата на Лионел Меси го изненадила.

„Бев многу слаб и пред натпреварот направив видео порака која им ја испратив на соиграчите за да ги мотивирам. Знаете ли што на оваа порака ми одговори Меси? Повеќе да не им праќам такви работи бидејќи им наштетуваат и изгледам како леш и ги плашам. Јас на тоа не гледав така, сакав да ги охрабрам, но тие ми возвратија дека сум како костур и дека тоа ги вознемирува“, открива поранешниот дефанзивец во интервуто со својот поранешен соиграч Оливер Дакурт за „Канал +“.

Очигледно Меси и остатокот од тимот во тој момент не можеле да сфатат низ што се поминува Абидал.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …