Дома Фудбал Италија Интер спреми нов договор за Џеко

Интер спреми нов договор за Џеко

Интер сака да го задржи Един Џеко во своите редови и спреми нов договор за искусниот напаѓач, пренесува „Калчомеркато“.

36-годишниот напаѓач игра одлично оваа сезона, но неговиот договор со „нероаѕурите“ истекува на лето.

Интер наскоро ќе започне преговори за продолжување на соработката, но не е јасно дали Џеко ќе прифати да остане или ќе се пресели во САД.

Џеко оваа сезона има 6 гола и 3 асистенции и одлично го замени повредениот Лукаку. Медиумите се оптимисти дека напаѓачот ќе остане во Интер и покрај фактот што има понуди од САД.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лазар Јовановиќ повторно остана на клупа, Удинезе потопен од Лече

Скапиот летен ангажман на Удинезе сè уште не добива вистинска шанса. Лазар Јовановиќ повто…