Дома Фудбал Италија Интер спреми нов договор за Брозовиќ

Интер спреми нов договор за Брозовиќ

Интер оваа сезона игра одлично и после подолго време се бори за Скудетото, па главна цел на „нероаѕурите“ ќе биде да го задржат костурот на тимот за следната сезона.

Еден од играчите кои посебно блеска оваа сезона под водство на Антонио Конте е хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер ќе му понуди нов договор на Хрватот со значително зголемување на платата, со цел да го „блиндира“ од нападите на другите клубови.

27-годишниот играч за врска моментално заработува 4,5 милиони евра по сезона, а според новиот договор Интер ќе му понуди годишна плата од 5,5 милиони евра плус бонуси.

Се очекува во наредните недели Хрватот да стави потпис на нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…