Дома Трансфер зона Интер сака да го „украде“ Дибала

Интер сака да го „украде“ Дибала

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер сака да ја „украде“ ѕвездата на Рома, Пауло Дибала.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дибала има договор со Рома до 2025 година, но и клаузула од 12 милиони евра која е активна ова лето бидејќи „волчицата“ не обезбеди пласман во ЛШ.

Интер сака да ја искористи таквата ситуација и да го доведе Аргентинецот на „Џузепе Меаца“ за симболична сума.

Интер е во потрага по напаѓач откако пропадаа преговорите за враќање на Лукаку, а Инзаги верува дека Дибала ќе биде идеален партнер на Лаутаро Мартинез.

Директорот Марота веќе почнал преговори со агентот на Аргентинецот, но Дибала тешко ќе се согласи да се пресели во Интер, бидејќи минатото лето „нероаѕурите“ го извисија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…