Дома Топ вести Во Интер не застануваат: Ова е листата на желби на Конте за следното лето

Во Интер не застануваат: Ова е листата на желби на Конте за следното лето

0

Управата на Интер веќе размислува за засилувања за следното лето.

Во тимот тренерот Конте и претседателот Марота подготвуваат нови потези за засилување на тимот, а според информациите на „Tuttosport“ на листата на засилувања за следното лето се наоѓаат неколку интересни имиња. Тука се Матео Дармијан (Парма), Марио Геце (Борусија Дормтунд), како и тандемот од Тотенхем – Кристиан Ериксен и Тоби Алдервеирелд, чии договори во Лондон истекуваат на крајот од сезоната.

Исто така, ќе има и голема работа за скаутите на Интер во текот на есента кои веќе летаа низ Европа, а еден од нив во четвртокот беше во Букурешт на натпреварот помеѓу Романија и Шпанија за да го следи 23-годишниот Развана Марина. Станува збор за офанзивен играч за врска кој минатото лето пристигна од Стандард во Ајакс за 12,5 милиони евра, па Интер ќе мора да го одврзе кесето доколку сака да го доведе.

Интер беше и еден од клубовите кои го сакаше Марина и минатиот јануари, но конкретна понуда не пристигна во Лиеж, иако двата клуба имаат добра соработка.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Jувентус идното лето носи бесплатно засилување од Челзи?

Од редовите на Јувентус ја разгледуваат опцијата да го донесат фудбалерот на Челси, Вилија…