Дома Трансфер зона Интер повторно се насочува кон Милинковиќ-Савиќ

Интер повторно се насочува кон Милинковиќ-Савиќ

Интер на лето повторно ќе се насочи кон ангажман на ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, пренесуваат италијанските медиуми.

Имено, генералниот директор на „нероаѕурите“ Бепе Марота веќе стапил во контакт со агентот на српскиот репезентативец, кој ќе биде примарна трансфер цел на Интер во летниот преоден рок.

Морота веќе подолго време го следи 24-годишниот играч за врска и сакаше да го донесе во Јувентус, а минатото лето се обиде да го донесе и во Интер.

Милинковиќ-Савиќ оваа сезона повторно блеска на терените и е еден од најзаслужните за добрите резултати на Лацио, па Интер сигурно ќе треба добро да го одврзе кесето за да го донесе на „Џузепе Меаца“.

Притоа, треба да ја победи и големата конкуренција бидејќи за Србинот силен интерес покажуваат уште Челзи, Манчестер Јунајтед и ПСЖ.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона драстично ја намали цената на Кутињо

Најскапото засилување во историјата на Барселона, Филипе Кутињо се покажа како големо пром…