Фантастичен натпревар во Милано вечерва одиграа Интер и Милан. Во градското дерби Нероаѕурите славеа со 4:2 и на тој начин се искачија на лидерската позиција во Серија А.
Милан одигра подобро прво полувреме и заслужено дојде до водство од 0:2 со головите на Ребиќ и Ибрахимовиќ.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сепак, Интер во вториот дел тргна со офанзивна игра која веднаш резултираше со два брзи погодоци. Прво во 51. минута Брозовиќ со прекрасен волеј удар погоди за 1:2, а две минути подоцна Весино по асистенција на Санчез донесе израмнување.
Следните десетина минути се играше помирно, а потоа следуваше нова лудница. После еден корнер Де Вриј погоди со глава и му донесе на Интер комплетен пресврт.
Големата победа на црно-сините ја запечати Лукаку со гол во самиот финиш на натпреварот за конечни 4:2.
На крајот, може да се каже дека ова беше едно од најдобрите дербија во последните 10тина години.