Дома Трансфер зона Интер и Галатасарај се договорија за Нагатомо

Интер и Галатасарај се договорија за Нагатомо

Раководството на Интер постигна договор со Галатасарај за продажба на јапонскиот репрезентативец Јуто Нагатомо, пренесуваат италијанските медиуми.

Нагатомо минатата сезона играше во Галатасарај како позајмен фудбалер, но турскиот клуб беше задоволен па реши да го откупи.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Нероауирите“ ќе добијат 3 милиони евра за слободата на Нагатомо, кој игра одлично на Мундијалот во Русија. Неговата Јапонија се пласираше во осминафиналето каде за противник ќе ја има Белгија.

Нагатомо пристигна во Интер во јануари 2011 година и помина цели 7 години во дресот на „нероаѕурите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…