Дома Фудбал Италија Инзаги: Ова е нашата најголема победа во сезоната

Инзаги: Ова е нашата најголема победа во сезоната

Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги после синоќешниот натпревар против Фиорентина изјави дека ова е најголемата победа на тимот оваа сезона.

Лацио славеше во Фиренца со 4:3 и покрај тоа што губеше со 2:0 и 3:2. Ова беше битна победа за Небесно плавите со што ја задржаа позицијата која води во ЛШ наредната сезона.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Инзаги после натпреварот даде пофални зборови за екипата.

„Покажавме борбеност и концентрација во клучните моменти од натпреварот. Луис Алберто и Фелипе Андерсон направија големи проблеми на одбраната на Фиорентина. Беше ова наш 50. натпревар оваа сезона, но фудбалерите се во добра кондиција и продолжија да работат неверојатни работи.“ – рече Инзаги и додаде:

„Оваа победа е веројатно нашата најголема оваа сезона кога се земе во предвид се што се случуваше на натпреварот.“

Да потсетиме, Лацио следниот натпревар го игра на домашен терен против Сампдорија.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

40-годишниот Роналдо ја однесе Португалија во финалето на Лигата на нации

Португалија е првиот финалист на четвртото издание на Лигата на нации, откако во полуфинал…