Дома Актуелно Има 20 години, вреди 85 милиони евра, а го посакуваат Баерн и Барселона

Има 20 години, вреди 85 милиони евра, а го посакуваат Баерн и Барселона

Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц (20) е желба на Баерн и Барселона, пишуваат германските медиуми.

Виртц може да игра во средниот ред, но и како крилен напаѓач и е еден од најбараните германски фудбалери.


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


Барселона веќе некое време го следи, а медиумите пренесуваат дека сега во трката се вклучи и германскиот шампион Баерн.

Баварците сакаат да ја градат иднината околу Виртц и уште еден 20-годишен Џамал ​​Мусиала, кој во Минхен пристигна во 2019 година од Челзи.

Младиот плејмејкер има долгорочен договор во Леверкузен и најверојатно ќе чини цело богатство. Трансфермаркт го проценува на 85 милиони евра.

Виртц досега има 113 настапи за водечкиот тим на германскиот шампионат и постигна 26 голови, а за германскиот тим забележа и 11 настапи.

Сезонава има три гола и четири асистенции на 10 одиграни натпревари, а со Баер е под договор до летото 2027 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Шкендија се засили со Роналдо

Напаѓачот од Јамајка, Роналдо Вебстер кој првиот дел од сезоната го мина во Брегалница е н…