Дома Фудбал Италија Икарди му врати на Марадона: Ти си лош пример!

Икарди му врати на Марадона: Ти си лош пример!


Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓



Легендата на аргентинскиот фудбал Диего Армандо Марадона на неколку пати јавно го критикуваше Икарди и го нарекува „предавник“поради добро познатата афера со сопругата на неговиот соиграч Макси Лопез.

„Не знам дали Икарди ќе добие повик во репрезентацијата, но не сакам да зборувам за предавниците. Овде сум поради хуманитарни цели и Икарди нема никаква врска со тоа“, изјави Марадона.

Овој пат Икарди се одлучи да му одговори на Марадона и тоа го направи на многу дрзок начин.

„Не знам што точно кажал, но сигурно се работи за нешто лошо како што беше случајот и минатата година. Тоа се невкусни зборови, а веќе го направи тоа за време на пријателскиот меч кој го организираше Занети. Не можам да кажам ништо повеќе за некој кој е лош пример за сите фудбалери“, истакна Икарди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи почна преговори за Нејмар

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓ Раководството на Челзи веќе остварило првичен конта…