Дома Фудбал Англија Изјавата на Де Геа најдобро покажува во каква ситуација е Манчестер Јунајтед

Изјавата на Де Геа најдобро покажува во каква ситуација е Манчестер Јунајтед

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед вчера доживеаа нов пораз.

„Црвените ѓаволи“ во рамките од осмото коло во Премиер лигата на гости беа поразени од Њукасл со 1:0, а после натпреварот искрен пред новинарите беше голманот Давид Де Геа кој изјави дека ова е неговиот најтежок период од кога е во клубот.

„Навистина не знам што да кажам. Ова е најтешкиот момент од кога дојдов тука. Не знам што се случува. Не можеме дури да постигнеме еден гол на два натпревари. Тоа е неприфатливо. Не е проблемот само во овој натпревар, туку во целата сезона“, порача разочараниот Де Геа.

Манчестер Јунајтед после овој пораз се наоѓа на 12-тата позиција во англисктоо првенство со само два бода повеќе од опасната зона. Она што сигурно не им се допаѓа е што во следното коло после репрезентативната пауза играат против Ливерпул.

Инаку, според бројките ова е најлошиот Манчестер Јунајтед од кога постои Премиер лигата.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мајк Дин заборави дека е судија, па ја запеа клупската химна

Познатиот англиски судија Мајк Дин честопати беше во центарот на вниманието во текот на св…