Maнчестер Јунајтед игра катастрофален фудбал и оваа сезона.
„Црвените ѓаволи“ после осум одиграни кола се наоѓаат на 12-тата позиција со само девет освоени бодови и изгледа дека ова ќе биде една од најтешките, ако не и најтешка сезона на клубот од кога постои Премиер лигата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поточно веќе е најтешка ако ги гледаме првите осум кола. Јунајтед од кога постои Премиер лигата немал волку лош старт. Полош старт Јунајтед имал само 1989 година кога во првите осум кола освоија исто толку бодови.
Тогаш натпреварувањето не се викаше Премиер лига, а Јунајтед сезоната ја заврши на 13-тата позиција.
Уште еден поразителен податок е статистиката на гостински терен. „Црвените ѓаволи“ не победиле на осум гостувања во низа и тоа им е најлошата низа во историјата на Премиер лигата.
Секако, навивачите, но и многу поранешни фудбалери веќе на големо го обвинуваат тренерот Оле Гунар Солскјер. Солскјер е менаџерот со најслаб процент на победи од сите тренери кои се редеа после Сер Алекс.
Според таа статистика Мурињо имал најдобар процент, а зад него се Мојс и Ван Гал, Солскјер е на дното.
За работата за Норвежанецот да биде полоша во наредното коло после репрезентативната пауза Јунајтед игра против фантастичниот Ливерпул.