Maкедонската сениорска репрезентација со нов селектор ќе оди на Европското првенство септември.
Управниот одбор на Одбојкарската федерација на Македонија денес го разреши Никола Матијашевиќ и на негово место е поставен неговиот помошник Душко Николиќ.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
„По анализата на настапите и на резултатите во Сребрената лига, во која македонскиот национален тим не успеа да го освои златниот медал иако финалето го играше на домашен терен, челниците на ОФМ ја прекинаа соработката со Никола Матијашевиќ и решија да му го доверат кормилото на репрезентацијата на неговиот досегашен асистент Душко Николиќ. Извршниот одбор на ОФМ го констатираше придонесот на Матијашевиќ во остварувањето на досегашните цели, но исто така ја истакна потребата од промена пред учеството на Европското првенство во септември во Тампере. Назначувањето на Николиќ ќе значи постојаност во работата на репрезентацијата, но од друга страна ќе овозможи и нов пристап во подготовките за нашето второ учество на континенталните самити“, стои во соопштението од ОФМ