Дома Фудбал Англија Извршниот директор на Манчестер Јунајтед поднесе оставка

Извршниот директор на Манчестер Јунајтед поднесе оставка

Извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Ричард Арнолд ќе поднесе оставка, објави денеска клубот од „Олд Трафорд“.

Сегашниот главен советник на Манчестер јунајтед, Патрик Стјуарт, ќе биде именуван за привремен извршен директор сè до пронаоѓањето на трајно решение.

Арнолд во февруари 2022 година го замени Ед Вудворд, а си заминува од тимот во моментите кога сопствениците, браќата Глејзер, се обидуваат да го продадат тимот.

„Ричард ќе продолжи да ни дава поддршка во транзицијата до крајот до декември. Ќе започнеме процес на избор на нов генерален директор на тимот“, соопшти Манчестер Јунајтед

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ширер посочи ново име за клупата на Јунајтед: Тренерот што го крена Брајтон

Алан Ширер смета дека Фабијан Хирцелер треба сериозно да биде разгледан ако Манчестер Јуна…