Дома Фудбал Италија Играше на позајмица во Милан, а сега испрати порака до Малдини: Паоло, дојди купи ме!

Играше на позајмица во Милан, а сега испрати порака до Малдини: Паоло, дојди купи ме!

Mилан оваа сезона стана шампион во Италија после пауза од 11 години и го освои Скудетото.

Дел од шампионскиот тим на Милан беше Алесандро Флоренци. Флоренци во Милан играше на позајмица, а сега сака да направи перманентен трансфер на „Сан Сиро“.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


 Медиумите од Италија пренесуваат Милан во најскоро време ќе ја активира клазулата вредна од 2.7 милиони евра со што поранешниот капитен на Рома ќе направи перманентен трансфер во Милано.

Паоло Малдини е одговорен за трансфите во Милан, па така пред официјализирање на зделката десниот бек испрати порака преку видео. Во видеото Флоренци извикува:

„Паоло, дојди купи ме, перманентно…“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шоу на „Бернабеу“: Винисиус танцуваше на корнер-знамето (Видео)

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, повторно беше во центарот на вниманието откако п…