Дома Фудбал Останато Играчот за кој Сер Алекс најмногу жали што не заиграл за Јунајтед: Кај нас ќе беше фантастичен

Играчот за кој Сер Алекс најмногу жали што не заиграл за Јунајтед: Кај нас ќе беше фантастичен

Aлекс Фергусон во еден подкаст зборуваше за играчите за кои жали што немал прилика да ги води во Манчестер Јунајтед, односно за пропаднатите трансфери за кои жали.

Ниту момент не се двоумеше кога требаше да го каже името на Пол Гаскоњ. Преговорите помеѓу Јунајтед и Гаскоњ се водеа во 1988 години и тоа не е тајна. Самиот фудбалер откри дека разговарал со Фергусон пред да потпише за Тотенхем.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Секогаш се враќам на едно име, а тоа е Пол Гаскоњ. Беше апсолутно фантастичен. Ако го доведовме мислам дека ќе имаше голема кариера. Не велам дека и таа што ја имаше не беше добра, но со нас ќе му беше уште подобра. Сер Боби можеше да му биде фантастичен ментор затоа што беше фантастичен човек“, смета Сер Алекс.

Се потсети што се случувало тоа лето 1988 година кога Гаскоњ премина од Њукасл во Тотенхем.

„Ми вети дека ќе потпише за нас и јас отидов на годишен одмор. Потоа добив повик и дознав дека потпишал за Тотенхем. Се одлучил за нив затоа што на неговата мајка и купија куќа од 80.000 фунти. Не можев да поверувам“, се потсети Ферги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…