Дома Фудбал Англија Ибра скапо ќе плати за лактот: Доби максимална казна!

Ибра скапо ќе плати за лактот: Доби максимална казна!

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ е суспендиран на три натпревари поради насилничкото однесување на дуелот со Бурнмаут.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ибрахимовиќ со лакт го удри Тајрон Мингс после еден скок дуел, а непосредно откако тој го згазна по главата.

Швеѓанецот ќе ги пропушти натпреварите со Челзи во четвртфиналето од ФА Купот, како и дуелите со Мидлсборо и ВБА во Премиер лигата.

Ибра е најдобар стрелец на Манчестер Јунајтед оваа сезона, постигна 26 гола на 39 натпревари и сигурно ова ќе биде голем хеникеп за „црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Mилан купи српски голман за милион евра кој нема ниту еден сениорски настап!

Младиот голман на ТСЦ, Илија Пантелин (18), ќе ја продолжи својата кариера во Милан, иако …