Дома Трансфер зона Ибрахимовиќ сака кај Михајловиќ, но што вели неговата сопруга?

Ибрахимовиќ сака кај Михајловиќ, но што вели неговата сопруга?

Златан Ибрахимивиќ потврди дека го напушта ЛА Галакси и како слободен агент во декември ќе се врати во Европа.

За него постои голем интерес од многу европски клубови, но сега е готово сигурно дека 38-годишниот голгетер ќе се врати во Серија А.

„Газета дела Спорт“ денес објави дека Болоња е во напредни преговори и дека му понудила голема плата на Ибрахимовиќ. Притоа, неговиот пријател Синиша Михајловиќ е во постојан контакт со Ибра и го убедил да се пресели во Болоња.

Меѓутоа, иако Ибрахимовиќ дал согласнот за преселба во Болоња, неговата сопруга Хелена сака да се врати во Милано.

Славниот пар неколку години живееше во градот на модата, таму имаат вила и сакаат таму да живеат и после завршувањето на неговата кариера.

Тоа го прави Милан фаворит за потписот на Ибрахимовиќ, бидејќи „росонерите“ исто така се силно заинтересирани да го вратат на „Сан Сиро“.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи ги започна преговорите за Осман Дембеле

Фудбалерот на Барселона, Осман Дембеле би можел да си замине од „Камп Ноу“ доколку за него…