Се уште не се знае дали Ибрахимовиќ ќе може да игра во среда против Џенова.
Првата ѕвезда на Милан Златан Ибрахимовиќ денес се приклучи на тренинзите со остатокот од екипата, но и понатаму е неизвесен за натпреварот кој Милан ќе го игра во среда против Џенова.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шведскиот напаѓач не играше на претходните неколку последни натпревари, а еден ден после вчерашното реми со Парма се приклучи на екипата.
Популарниот Ибра тренираше со намален интезитет, но конечната одлука за негов настап ќе ја донесе стручниот штаб на Милан во согласност со медицинските лица во текот на утрешниот ден.
После ремито на Милан со Парма второпласираниот Интер на табелата дојде само на три бода.