Дома Фудбал Останато Ибрахимовиќ: Кога излегувам на терен сум како дете кое прв пат добива чоколадо

Ибрахимовиќ: Кога излегувам на терен сум како дете кое прв пат добива чоколадо

Златан Ибрахимовиќ на почетокот на годината дојде во Милан и го преобрази од тим на средина на табелата, до тим кој се бори за Скудетото.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


39-годишниот Швеѓанец игра фантастично и оваа сезона веќе постигна 10 гола и тоа само на шест настапи.

„Првото нешто кое ме прашаа кога се вратив во Милан беше со сите фудбалери кои се враќале и не биле на нивото на првиот престој тука. Која е разликата со мене? Никогаш не ја губам страста за тоа што го правам“, истакна Ибра.

„Секогаш кога ќе излезам на терен сум како дете кое за прв пат добило чоколадо. Топката е мојот најдобар пријател и сакам да се однесувам со неа како кон најдобар пријател. Денот кога нема да можам да играм на ова ниво, ќе се откажам“, додаде Ибра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Светското првенство 2026. го постави новиот рекорд. Најпосетено во историјата

СВЕТСКОТО првенство во фудбал кое се одржува во САД, Мексико и Канада, влезе во историјата…